Известување за граѓаните – прскање против комарци

Општина Крива Паланка ја информира јавноста дека во раните утрински часови од 03:00 часот до 08:00 часот во деновите 10.07.2022 година (недела) и 11.07.2022 година (понеделник) ќе се врши терестична (од земја) дезинсекција против комарци, додека на ден 12.07.2022 година (вторник) во раните утрински часови од 05:00 часот до 06:00 часот ќе се врши авионско прскање за заштита од комарци.

Се известуваат пчеларите во времето на прскање  и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средствата со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи дезинсекцијата ќе биде одложена за наредните денови кога ќе временските услови ќе бидат поволни.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст