Известување

Во врска со изработката на Програмите и Буџетот за 2022  година, Општина Крива Паланка ја информира јавноста  дека  во процесот на планирање, на повеќе начини,  преку средствата за електронска комуникација и по писмен пат до Општината беа доставени поголем број на предлози и сугестии.

Најголем дел од предлозите се однесуваат на подобрување на локалната патна инфраструктура, водоводна и канализациона мрежа. Сите предлози се проследени до соодветните сектори и одделенија во општината и  по усогласувањето со Одделението за финансиски прашања ќе бидат инкорпорирани во соодветните програми.

Во отсуство на можноста за организирање на буџетски форуми, поради  ковид пандемијара, Општина Крива Паланка се заблагодарува на сите поединци и организации кои се вклучија во процесот на планирање.

Освен можноста за директно вклучување на јавноста, општинските програми и оваа година ќе бидат родово сензитивно буџетирани, во насока на унапредување на родовите политики на локално ниво.

Големина на фонт
Контраст