Известување за прекин на сообраќајот на регионалниот пат Крива Паланка – с.Огут

Почитувани,

Ве информираме дека од 07.06.2022 година започнуваат градежни активности за рехабилитација на патниот правец R2245 Крива Паланка кон с.Огут поточно на делот од с.Габар до м.в. Метежевски Преслап. За таа цел патниот правец ќе биде затворен или со контролиран проток на моторни возила за жителите кои гравитираат кон селата Габар, Метежево, Огут и Нерав во период од 09:00 часот до 16:00 часот од понеделник до сабота.

Се молат граѓаните да имаат разбирање за погоре наведеното.

Големина на фонт
Контраст