Известување за граѓаните за поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација

Почитувани,

Во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот, Општина Крива Паланка на ден 13.04.2022 година ќе започне со поставување  вертикална и хоризонтална сигнализација на улицата „Свети Јоаким Осоговски“ на потегот од мотелот „Македонија“ па се до Станица за  технички преглед.

Оваа активност ќе се реализа во рок од 3-4 дена, зависно од временските услови и затоа аплираме  до сите сопственици на моторни возила, да имаат разбирање и трпеливост и своите  возила да ги дислоцираат од јавните површини,  а учесници во сообраќајот да бидат  внимателни во  движењето,  додека се одвиваат овие активности.

Големина на фонт
Контраст