Дневен ред на 8-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 8-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 14.03.2022 година (понеделник ) во 12,00 часот.

Дневен ред:

Усвојување на записник од 7-та седница

  1. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за работа на ЛУ Градски музеј – Крива Паланка за 2021 година;
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен финансиски извештај за работа на ЛУ „Градски Музеј“ – Крива Паланка за 2021 година;
  3. Предлог – Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЛУ Градски музеј – Крива Паланка за 2021 година;
  4. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Општинска јавна установа за деца – Детска градинка „Детелинка“ Крива Паланка за 2021 година;
  5. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Основното училиште „Илинден“ Крива Паланка за 2021 година;
  6. Предлог-Одлука за усвојување на Завршна сметка на Основното училиште „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка за 2021 година;
  7. Предлог-Одлука за усвојување на Завршна сметка на Средното општинско  училиште „Ѓорче Петров“ Крива Паланка за 2021 година;
  8. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Општинскиот ученички дом „Боро Менков“ Крива Паланка за 2021 година;
  9. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЈП „Комуналец“ Крива Паланка за 2021 година ;
  10. Предлог-Одлука за давање согласност на измената и дополнувањето на годишниот план за вработување  за 2022  бр.02-226/6 од 07.03.2022 година на ЈП Комуналец ;
  11. Предлог- Одлука за усвојување на Завршна сметка на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2021 година;
  12. Предлог-Правилник за условите ,критериумите и правилата за доделување  признание за Најуспешен просветен работник  во одделенска  настава  и најуспешен  просветен  работник во предметната настава на територија на Општина Крива Паланка ;
  13. Предлог-Одлука за доделување на признание за Најуспешен просветен работник во одделенска настава и признание за Најуспешен просветен работник во предметна настава во основно и средно образование на територијата на Општина Крива Паланка за учебната 2021/2022 година;
  14. Предлог-Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејства со прваче во учебната 2022/2023 година на територијата на Општина Крива Паланка;
  15. Предлог-Одлука за давање на приоритет за користење на средства од Министерството за транспорт и врски преку кредит од Светска Банка за поврзување на локални патишта;
  16. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Програмата   за поставување на урбана опрема на подрачјето на Oпштина  Крива Паланка за 2022 година ;
  17. Предлог-Одлука за измена и дополнување  на Програмата за уредување на сообраќајна сигнализација  за 2022 на подрачјето  на Општина Крива Паланка;
  18. Предлог-Одлука за утврдување на надомест за привремено користење на јавна уредена површина.

                             

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
      Претседател,
Изабела Павловска ,с.р

Големина на фонт
Контраст