Апел за поддршка на населението зафатено во вооружениот судир во Украина

Почитувани граѓани,

Црвен крст на Република Северна Македонија, Општина Крива Паланка, заедно со збратимената општина Перечин од Украина, се вклучија кон апелот за помош објавен од страна на Украинскиот Црвен крст за обезбедување на помош на настраданото население во Украина.

Црвениот крст на РСМ веќе има издвоено 10 000 евра во денарска противредност за поддршка на населението во Украина и во оваа прилика, Ве повикуваме согласно можностите, да донирате средства за поддшка преку жиро сметка на Фондот за солидарност на Црвен крст на РСМ.

Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Северна Македонија
Жиро сметка: 300000001327966
Даночен број: 4030984271620
АД Комерцијална банка

Однапред Ви благодариме на поддршката.

Големина на фонт
Контраст