Промоција на партиципативен пристап во решавање на проблеми од витално значење на локалната заедница

Општина Крива Паланка на иницијатива на градоначалникот Сашко Митовски и во соработка со општинската администрација, започнува нов процес на решавање на приоритетни проблеми кои се од витално значење на локалната заедница.

Општината започна процес на имплементација на партиципативен пристап во решавањето на проблемите на граѓаните, преку нивно директно вклучување во креирање на соодветните политики, но и во процесот на одлучување преку изразување на сопствен став и предлог  по одредени прашања.  Анализата покажува повеќе приоритетни области, од кои за почетно решавање се изберени – проблемот со паркинг места во централното градско подрачје, изградба на современ затворен градски пазар, како и други слични активности.

Во насока на импленетацијата на патиципативниот пристап на решавање на приоритетни проблеми, а конкретно во  однос на делот со изградба на современ и функционален затворен зелен градски пазар, со доволен број на продажни единици и тезги, соодветен пристап за пешаците со паркинг простор и подобрена хигиена и комунална поврзаност, како и изградба на катна гаража и воспоставување на паркинг зона во централното градско подрачје,изготвени се повеќе типови на прашалници кои ќе бидат достапни  на целата локална заедница.

Како почетен чекор,  изготвени се  и достапени  два,  он-лајн прашалника,  за кој се повикуваат сите членови на локалната заедница да учествуваат во процесот и дадат свој придонес во овој нов начин на решавање на ове приоритетни проблеми, а  преку искажување на своето мислење со директно пополнување на прашалникот.

Давта прашалника може директно да се пополнат на следните линкови:

Кликнете тука за да го одговорите прашалникот за истражување на потребата од изградба на современ пазарно-деловен центар во Крива Паланка

Кликнете тука за да го одговорите прашалникот за истражување на потребата од изградба на катна гаража и воспоставување на паркинг зона во централното градско подрачје во Крива Паланка

 

Големина на фонт
Контраст