Известување до граѓаните за задолжителни обврски во состојба на зимски услови

Со цел поквалитетно чистење на снегот и ледот од коловозните површини во населбите, општинските надлежни служби ги известуваат граѓаните да ги отстранат паркираните  патнички и товарни  возила  на коловозните површини од улиците, односно да не се  паркираат возила  на улиците во градот особено  кога има најави за врнежи на снег.

Се известуваат граѓаните  исто така да не ги паркираат патничките и товарните возила на тротоарските површини на главната улица Св. „Јоаким  Осоговски“  за да можат задолжените работници за зимско одржување на тротоарите  навремено, целосно и непречено да ги чистат.

Вооедно се потсетуваат и сите правни и физички лица, сопственици или корисници на деловни објекти на подрачјето на општина Крива Паланка, дека  во услови на снежни врнежи  се должни веднаш  да го исчистат  снегот и ледот пред нивните објекти  со цел да се обезбеди непречен пристап до нив.

Отстранувањето на снегот и ледот од јавните површини пред деловни  објекти е согласно членот 22 од Законот за јавна чистота и член 383  од Одлуката за комунален ред и нејзино спроведување на подрачјето на општината Крива Паланка.

Доколку  сопствениците или корисниците на деловните  објекти  не го исчистат снегот и ледот  пред нивните објекти, надлежните комунално редарски и  инспекциски служби ќе ги превземат соодветните предвидени законски мерки.

Да покажеме општествена одговорност  бидејки е од заеднички интерес за сите нас.

Големина на фонт
Контраст