Дневен ред на 6-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 6-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 31.01.2022 година (понеделник) во 12,00 часот.

Дневен ред

     Усвојување на записник од  5-та  седница

  1. Разгледување на вкупен финансиски извештај со спецификација на трошоците за приходите ирасходите на трансакциската сметка  за изборна кампања од денот на отварање на транскциската сметка   до денот  на затварање на трансакциската сметка ,за период од 10.09.2021 година до 23.12.2021 година  на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“;
  2. Разгледување на вкупен финансиски извештај со спецификација на трошоците за приходите ирасходите на трансакциската сметка  за изборна кампања од денот на отварање на транскциската сметка   до денот  на затварање на трансакциската сметка ,за период од 11.09.2021 година до 24.12.2021 година  на ВМРО и Коалицијата „Обнова на Македонија“;
  3. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот од пописната комисија за извршениот редовен годишен попис на средтвата со состојба на ден 31.12.2021 година;
  4. Предлог – Решение за разрешување на членови на Советот  на млади на Општина Крива Паланка;
  5. Предлог- Одлука за распишување јавен повик за членови на иницијативен одбор за организација  и одржување на локално младинско собрание на Општина  Крива Паланка;
  6. Предлог-Одлука за давање согласност на измената на годишниот план за вработување  за 2022 година на СОУ „Ѓорче Петров“  Крива Паланка;
  7. Предлог-Одлука за давање согласност на измената на годишниот план за вработување  за 2022 година на ООУ „Јоаким Крчовски“  Крива Паланка;
  8. Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за слободен пристап на информации од јавен карактер за 2021 година – Крива Паланка;
  9. Предлог-Одлука за кофинансирање на проект „Пристапен пат од поранешен ловечки дом до м.в. Радевска Маала  и дел од пристапна улица Пиринска“;
  10. Предлог-Одлука за усвојување на Основен сообраќаен проект за режимот на сообраќај на дел од локален пат на потег од магистралниот пат А2 до нови градски гробишта во Крива Паланка;
  11. Предлог-Одлука За усвојување на Основен сообраќаен проект за режимот на сообраќај на дел од улица Св.Јоаким Осоговски на потег од Градски Музеј до Соларски Мост во Крива Паланка;
  12. Предлог-Решение за разрешување на член на Управен одбор  на  ЈП „КАЛИН КАМЕН“ – Крива Паланка;
  13. Предлог-Решение за именување  на член на Управен одбор  на  ЈП „КАЛИН КАМЕН“ – Крива Паланка;
  14. Предлог-Решение за именување членови на Управниот одбор на ЛУ Градски музеј – Крива Паланка;
  15. Предлог-Одлука за прифаќање на иницијатива за формирање на мултимедијален фестивал посветен на Глигор Цветковски;
  16. Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Крива Паланка за 2022 година .                                                  

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                     Претседател,
                                                                                                        Изабела Павловска , с.р.

Големина на фонт
Контраст