Известување до фирмите: Истрaжување за парафискалните давачки кон општината и кон централната власт

Почитувани,

Ве известиме дека на 24 јануари 2022 (понеделник) во 10 часот ќе се одржи онлајн истражување, со фирми од општина Крива Паланка, во врска со парафискалните давачки кои ги плаќаат фирмите кон општината и кон централната власт.

За време на истражувањето ќе дискутираме за вашите минати искуства и перцепции поврзани со парафискалните давачки и што вас би ви помогнало, односно што треба да се промени со овие давачки за да се подигне вашата конкурентност.

Учеството во оваа фокус група е целосно анонимно, она што ќе го искажете ќе биде само за целите на истражувањето, а ние ќе ги дадеме како препораки до Општината со цел да се направат конкретни промени.

Истражувањето го спроведува Мрежата ФИСКАСТ, претставувана од  институтот Finance Think од Скопје, АГОРА, Квантум Прима, и ЛАГ Агро Лидер, и е дел од проектот „Побрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки” поддржан од Европската Унија.

На истражувањето може да се приклучите преку следниов zoom линк:  https://us02web.zoom.us/j/87189874678

Бидејќи бројот на учесници е ограничен, ве молиме за потврда за учество со реплицирање на мејлот [email protected].

Ви благодариме.

Со почит,

Квантум Прима и Мрежа ФИСКАСТ

 

Големина на фонт
Контраст