Известување за граѓаните за одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици

Почитувани,

На ден 19.01.2022 (среда) од 08.00 до 11:00 часот во организација на Општина Крива Паланка и на Македонската православна црква, Кумановско-осоговска епархија, ќе се  одбeлежи големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Прославата започнува со свечена литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ од 08:00 часот, по што  следува чинот на фрлањето на благословениот крст во водите на Крива Река. Како и години наназад, фрлањето на светиот крст ќе се случува во 10:00 часот, од т.н „Шанин мост“, што води кон населбата „Бавчалк“.

Општина Крива Паланка ги повикува граѓаните да дојдат на местотото на настанот и заеднички во духот на традицијата да го прославиме овој убав ден.

Општина Крива Паланка
Градоначалник,
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст