На иницијатива на градоначалникот Сашко Митовски и со одлука на Совет, Општина Крива Паланка од оваа година ќе исплаќа по 3000 денари на секое семејство со новороденче, родено од 01 јануари 2022 година, а со живеалиште на територијата на општина Крива Паланка.
Општината досега ги субвенционираше само семејствата на првите пет родени деца во годината, а од оваа година ќе исплаќа финансиски надоместок за секое новороденче, како позитивен поттик и стимулација за наталитетот и олеснување на финансиските трошоци околу новороденчето.
Потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено во 2022 година на подрачјето на општина Крива Паланка.
Барање за аплицирање може да се подигне од архивата на Општина Крива Паланка или да се симне од веб-страницата на Општина Крива Паланка на следниов линк https://www.krivapalanka.gov.mk/wp-content/uploads/2022/01/Baranje-za-novorodencinja-2022.doc
Во прилог на Барањето треба да се достават следните документи:
1. Фотокопија од извод од матична книга на родените (за новороденчето);
2.Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на родителите, од која се видни податоците за живеалиштето на територија на општина Крива Паланка;
3.Фотокопија од активна трансакциска сметка на родителот-примател на финансиски надоместок.