Известување за даночните обврзници: Промена на даночните стапки за земјоделско земјиште и недвижен имот кои не се користат

Почитувани даночни обврзници,

Ве известуваме дека согласно со измените на Законот за данок на имот бр.151/2021, член 6 ќе се примени од 01.01.2022 година.

Во истиот се предвидени неколку измени и тоа пропорционалните стапки кои изнесуваат 0.10% и 0.20% при што:

Доколку земјоделското земјиште не се користи за земјоделско производство пропишаната стапка се зголемува три пати.

Доколку недвижниот имот: градежно земјиште, едностанбени и повеќестанбени објекти за домување, гаражи, деловни простории, други објекти и инсталации подигнати врз нив или под нив и трајно споени со нив, кои се во сопственост на државата, општината, општините на град Скопје и градот Скопје, како и во сопственост на физички  и правни лица кои не се користат од страна на сопственикот или не се издаваат под закуп подолго од шест месеци во текот на годината, во тие случаи пропорционалните стапки се зголемуваат за три пати.

Во случаи кога државата, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, како и физичките и правните лица не пријават дека недвижниот имот кој е во нивна сопственост не го користат, тогаш пропорционалните стапки се зголемуваат за пет пати.

Согласно со член 29 од законот обврзникот на данок на имот е должен сите промени да ги пријави во рок од 15 дена  од денот на стекнување на имот и  да поднесе даночна пријава до 31.01 во годината за која се врши утврдување на данокот .

За подетални информации можете да се обратите во општинската  даночна администрација .

 

Градоначалник,
Сашко  Митовски

Големина на фонт
Контраст