Дневен ред на 4-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 4-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 20.12.2021 година (понеделник ) во 14,00 часот.

Дневен ред:

  1. Предлог – Програма за подигање и одржување  на градското зеленило  во Крива Паланка  за 2022 година;
  2. Предлог – Одлука за доделување на еднократен финансиски надоместок на секое новороденче, запишано со адреса на живеење на територијата на Општина Крива Паланка;
  3. Предлог – Одлука за усвојување на финансиски извештај  за реализирани приходи и трошоци за спроведување на локални избори 2021 година преку општинските изборни комисии за мeсец август –ноември;
  4. Предлог – Одлука за авто такси превоз на патници во Општина Крива Паланка;
  5. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 557 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
  6. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 1348/1 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка.

 СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                 Претседател,
                                                                                           Изабела Павловска с.р

Големина на фонт
Контраст