Дневен ред на втората седница на Советот на општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 2-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 15.11.2021 година (понеделник ) во 10 часот.

Дневен ред: 

Усвојување на записник од I-та  Конститутивна  седница

  1. Предлог – Решение за формирање комисија за финансии и локален економски развој;
  2. Предлог– Решение за формирање комисија за урбанистичко планирање, уредување на просторот, заштита на животната средина и природата;
  3. Предлог – Решение за формирање комисија за комунални работи и сообраќај;
  4. Предлог – Решение за формирање комисија за јавни дејности;
  5.  Предлог – Решение за формирање комисија за статут и прописи;
  6. Предлог- Решение за формирање комисија за еднакви можности на жените и мажите;
  7. Предлог – Решение за формирање комисија за меѓуопштинска и меѓународна соработка;
  8. Предлог –Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на  Буџетот на Општина Крива Паланка К1, К2 и К3 за  III  квартал за 2021 година;
  9. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2021 година;
  10. Предлог – Решение за формирање комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Крива Паланка за 2022 година.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                 ПРЕТСЕДАТЕЛ,
                                                                                          Изабела Павловска  с.р