Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 1-та конститутивна седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на ден 03.11.2021 година (среда ) во 12 часот.
Седницата ќе се одржи со следниот
Дневен ред:
- Извештај на Општинска изборна комисија на Крива Паланка;
- Избор на Комисија за прашања на верификација, избори и именувања на Советот на Општина Крива Паланка;
- Верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Крива Паланка; и
- Избор на претседател на Советот на Општина Крива Паланка.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска ,с.р