Известување за добитниците на стипендија за талентирани ученици/студенти и спортисти

Општина Крива Паланка ги известува добитниците на стипендија согласно Конкурсот за доделување на стипендии за талентирани ученици – средношколци и талентирани студенти кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија за учебната 2021/22 и Конкурсот за стипендии за ученици спортисти  во индивидуални спортови и ученици спортисти во екипни спортови од основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта од Република Северна Македонија за учебната 2021/22 година да дојдат на ден 25 и 26. 10. 2021 година во просториите на Општина Крива Паланка  за да го потпишат договорот.

Големина на фонт
Контраст