Дневен ред на 56-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 56-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 30.09.2021 година (четврток ) во 10,00 часот.

 Дневен ред:

Усвојување на записник од 55-та седница

  1. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта на Општина Крива Паланка за 2020/2021 година;
  2. Предлог – Одлука за усвојување  на Програма за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта на Општина Крива Паланка за 2021/2022 година;
  3. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Центар за развој на Третиот-Североисточен плански регион број 03-1/1 од 17.12.2008 година;
  4. Предлог – Одлука за формирање на Институционална работна група на ниво на Општина Крива Паланка во рамки на РОМАКТЕД Програмата фаза 2 на Европската унија/ Совет на Европа „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво”;
  5. Предлог-Одлука за кофинасирање на проектот „Безбеден сообраќај во зимски услови во Општина Крива Паланка“;
  6. Предлог-Одлука за кофинасирање на проект „Санација, поправка и опремување  на НУ Центар за култура Крива Паланка“;
  7. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 7120/5 и 7121/2 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
  8. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 2626/3 и к.п.бр.2626/2 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
  9. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 635 и к.п.бр.4611 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка ;
  10. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.606/1 во КО Варовиште, Општина Крива Паланка;
  11. Предлог-Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 266/8 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка.

                                                                                                                 СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
               Претседател,
           Изабела Павловска ,с.р

 

 

Големина на фонт
Контраст