Дневен ред на 55-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 55-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 30.08.2021 година (понеделник ) во 09,00 часот.

 Дневен ред:

Усвојување на записник од 54-та седница

  1. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ООУ „Јоаким Крчовски“– Крива Паланка за 2020/2021 година;
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка за 2021/2022 година;
  3. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ООУ „Илинден “– Крива Паланка за 2020/2021 година;
  4. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ООУ „Илинден“ – Крива Паланка за 2021/2022 година;
  5. Предлог- Мислење за изведување на ученички екскурзии и други слободни активности за учениците од III ,VI и IX-то – одделение од ООУ „Илинден“ – Крива Паланка;
  6. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ОУД „Боро Менков“– Крива Паланка за 2020/2021 година;
  7. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ОУД „Боро Менков“ – Крива Паланка за 2021/2022 година;
  8. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ОУЈДГ „Детелинка“ – Крива Паланка за 2020/2021 година;
  9. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ОУЈДГ „Детелинка“ – Крива Паланка за 2021/2022 година;
  10. Предлог – Одлука за давање согласност  на годишнио план за вработување  за 2022  година на ОЈУДГ„Детелинка“  Крива Паланка;
  11. Предлог-Одлука за давање согласност  на Одлуката за утврдување на работното време на ОЈУДГ „Детелинка“ -Крива Паланка;
  12. Предлог –Одлука за давање согласност на Одлуката за  зголемен број на деца  на ОЈУДГ „Детелинка“ -Крива Паланка;
  13. Предлог-Одлука за давање согласност  на Одлуката за  намален број на деца  на ОЈУДГ „Детелинка“ -Крива Паланка;
  14. Предлог – Одлука за давање согласност  на годишнио план за вработување  за 2022  година на ЛУ Градски Музеј  Крива Паланка;
  15. Предлог-Одлука за давање согласност на барањето за формирање на паралелки со помал број на ученици за учебната 2021/2022 година за СОУ „Ѓорче Петров“;
  16. Предлог – Одлука за давање согласност  на годишнио план за вработување  за 2022  година на   ЈП Комуналец   Крива Паланка;
  17. Предлог Одлука за давање согласност на  Одлуката  на ЈП Комуналец  за примање  во сопственост  и  владение на водоводен систем  во с.Конопница  маала Трнци;
  18. Предлог Одлука за давање согласност на  Одлуката на ЈП Комуналец   за купопродажба на недвижен имот –земјиште  на КП.бр.2311 м.в.РИД –култура  ливада во површина од 996 м2;
  19. Предлог Одлука за давање согласност на  Одлуката  на ЈП Комуналец  за утврдување на  надоместокот за извршен приклучок на водводна мрежа во с.Луке;
  20. Предлог – Одлука за давање согласност  на годишнио план за вработување  за 2022  година на Општина Крива Паланка;
  21. Предлог-Правилник за условите, критериумите и правилата за доделување на стипендии за ученици  спортисти во индивидуални спортови и ученици спортисти во екипни спортови  кои учат во основните училишта  на подрачјето  на Општина Крива Паланка  и средните училишта од Република  Северна  Македонија ;
  22. Предлог-Одлука за  ослободување од партиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на деца во ОУЈДГ „Детелинка“ – Крива Паланка за учебната 2021/2022 година;
  23. Предлог-Одлука за  давање согласност за имплементирање и кофинансирање на Проект „Цело е кога има се“;
  24. Предлог-Одлука за давање на приоритет за реализација на проект преку програма на Биро за регионален развој за проектот Изградба на локален пат Крива Паланка-с.Кошари-с.Бс“, општина Крива Паланка;
  25. Предлог-Одлука за давање на приоритет за користење на средства од Министерството за транспорт и врски преку кредит од Светска Банка за поврзување на локални патишта за проектот „Пристапен пат кон нови градски гробишта“ –Општина Крива Паланка;
  26. Предлог-Одлука за давање на приоритет за реализација на проекти со користење на средства од Владата на РСМ и тоа: „Изградба на улица Вршачка во Долно Грамаѓе, во општина Крива Паланка“, „Изградба на локален пат Мезовски Ливади-крак 2 и 4 во општина Крива Паланка“, „Реконструкција на локален пат во с. Конопница м.в. Чивлк во општина Крива Паланка“;
  27. Предлог-Одлука за определување на ширина на крајбрежен појас на водотеците во Општина Крива Паланка опфатени со урбанистички планови;
  28. Предлог-Одлука за именување на членови на Партиципативното тело за урбанистичко планирање на Општина Крива Паланка;
  29. Предлог-Одлука за давање трајна сопственост  на отстапен одземен предмет на ОУД Боро Менков Крива Паланка.

                                                                                                        СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
               Претседател,
           Изабела Павловска ,с.р

 

 

Големина на фонт
Контраст