Пријавете се за учество на Open Fun Football Schools 2021

Спортско-забавната манифестација „Open Fun Football Schools 2021“ ќе се оддржи во Крива Паланка во периодот од 23.08.2021 г. до 27.08.2021 г. На неа ќе можат да учествуваат деца на возраст од 6 до 11 години.

Манифестацијата е под покровителство на Општина Крива Паланка,  а во соработка со отворените канцеларии на Open Fun Football Schools во Македонија.

Open Fun Football Schools е хуманитарен, политички неутрален и непрофитен проект, организиран од страна на Cross Cultures Project Association, Данска.

За пријавување за учество во фудбалската школа, заинтересираните да се јават кај тренерите Блажо Тричковски (070 827 940) и  Антонио Јакимовски (078 241 928).  Краен рок за пријавување е 21.08.2021 година.

Големина на фонт
Контраст