Дневен ред на 49-та седница на Совет на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  свикува   49-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 26.10.2012 година (петок) во 14,30 часот.Седницата ќе се одржи со следниот

 Д н е в е н   р е д:

1. Предлог-Одлука  за прифаќање на предлог техничко решение  за изградба  на мали хидроелектрални  на водоснабдителниот  систен на Калин Камен и Станечка Река .

2.Предлог – Одлука за Нацрт-Генерален урбанистички план за Крива Паланка;

3.Предлог – Одлука за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација за Општина Крива Паланка за 2012 година;

4. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп. бр. 952;

5. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр.269/2;

6. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр. 383/2;

7. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр. 2869;

8. Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства  од буџетската сметка на Општина Крива Паланка;

9. Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор и за грант, согласно Договорот за финансирање СЕПАРИС бр.2008-0446 помеѓу РМ и ЕИБ за проект „Водоснабдување и одведување на отпадни води“;

10. Предлог –Одлука за започнување на ЈПП за гасификација на Општина Крива Паланка; и

11. Советнички прашања.

                       СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                  Претседател,
                                Милка Митовска

Големина на фонт
Контраст