Голема еколошка акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Во недела на 9 Мај 2021 година – Ден на Европската Унија во општина Крива Паланка ќе се спроведе голема еколошка акција насловена „Генералка викенд“ како дел на кампањата „Зелена и Сончева“ и еколошката кампања „Чисто како дома исто“ на Европската Унија. Оваа акција за првпат ќе се организира во РС Македонија и тоа во десет општини.

Акцијата содржи три вида на активности и тоа: собирање на оставен отпад на зелени површини, селекција на соберен отпад и предавање на селектираниот отпад на МСО – места за собирање на отпад односно пунктови.

Во општина Крива Паланка ќе се собира оставен отпад на уредени, неуредени и природни зелени површини и тоа на 35 локации за кои се ангажирани педесетина тимови и групи од по 4-5 лица, согласно мерките за заштита кои треба да се спроведуваат во овој период заради епидемиолошката состојба.

Ќе се спроведе и собирање на отпад на излетничките, рекреативни и други вид на собирни места.
Граѓаните можат да се вклучат во оваа акција на два начина преку собирање на отпад на зелените површина во околина на своите домови или со предавање на непотребен и неупотреблив отпад од своите домови (стаклени шишиња, тегли, пластични шишиња, лименки, електронски отпад, неупотребливи апарати, неупотребливи автомобилски гуми, хартија и слично) на следниве локации и тоа:

– Паркинг пред колективната станбена зграда (кај пекља) спроти КАМ маркет
– Паркинг пред Бензинската пумпа кај Бегови бавчи
– Паркинг кај автобуската станица и влез на Сточен пазар и
– Паркинг спроти Тораничка зграда во Осичка маала до Домачки дол

Општина Крива Паланка ги повикува граѓаните, согласно своите можности, да се вклучат во акцијата за Крива Паланка да биде Општина за пример.

Големина на фонт
Контраст