Дневен ред на 51-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 51-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 28.04.2021 година (среда) во 14,00 часот.

 Дневен ред: 

Усвојување на записникот од 50-та седница

  1. Предлог – Решение за престанок на мандат за член на Советот на Општина Крива Паланка;
  2. Предлог – Решение за верификација на мандат за член на Советот на Општина Крива Паланка;
  3. Предлог – Решение за престанок на мандат на член на Комисијата статут и прописи;
  4. Предлог – Решение за верификација на мандат на член на Комисијата статут и прописи;
  5. Предлог – Решение за престанок на мандат на член на Комисијата за меѓуопштинска и меѓународна соработка;
  6. Предлог – Решение за верификација на мандат на член на Комисијата за меѓуопштинска и меѓународна соработка;

7.Предлог – Одлука за  усвојување на Квартален извештај  за извршување  на Буџетот на Општина Крива Паланка  К1, К2 и К3 за  I  квартал за 2021 година;

8. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Буџетот  на Општина Крива Паланка за 2021 година;

9. Предлог – Одлука за  давање на приоритет за користење на грант средства од Вториот проект за подобрување на општинските услуги –МСИП 2;

10. Предлог- Одлука за обезбедување  на дополнителни средства за проект „Изградба на регулација на минор корито на Крива Река –дел 3 во должина од  217 м“;

11.Предлог-Правилник за  условите, критериумите и правилата  за доделување  признание  за најуспешен просветен работник во предметната настава на територија на Општина Крива Паланка;

12.Предлог-Одлука за доделување на признание за Најуспешен просветен работник во одделенска настава и признание за Најуспешен просветен работник во предметна настава во основно и средно образование на територијата на Општина Крива Паланка за учебната 2020/2021 година;

13.Предлог-Одлука за отпочнување на постапка за редовно ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Крива Паланка од сите ризици и опасности;

  1. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај  за рабата на ЈП „Комуналец’ – Крива Паланка за 2020 година;

15.Предлог – Одлука за  давање согласност  на измената и дополнувањето на годишниот план за вработување за 2021 бр.02-370/1 од 06.04.2021  година  на ЈП Комуналец;

16.Предлог – Одлука за  предавање на објект „Канализациона мрежа за отпадни води за населба Крстата Падина во с. Градец, општина Крива Паланка“ на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;

17.Предлог – Одлука за  предавање на објект „Канализациона мрежа за отпадни води за населба Мезовски Ливади-крак2“, општина Крива Паланка, на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;

18.Предлог – Одлука за    усвојување  на  Извештај за спроведување на Програмата за развој на Центарот за развој на Североисточен плански регион за 2020;

19.Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај за работа со Финансов извештај на Центарот за развој на Североисточен плански регион со завршна сметка за 2020;

20.Предлог-Одлука за  усвојување  на Извештај за работење на ЗЈП ЕКО-ЗОНА за 2020 година;

21.Предлог-Иницијатива  за изменување на Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка;

22.Предлог-Одлука за  прифаќање на иницијативата за изменување на Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка;

23.Предлог-Одлука за  изменување  на Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка.

 

                                                                                                                СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

               Претседател,

           Изабела Павловска с.р

 

Големина на фонт
Контраст