ЗАБРАНА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДА во делови на село Луке и село Добровница

До Општината Крива Паланка од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство – Подрачна единица Крива Паланка се пристигнати Извештаи од спроведено тестирање и анализа на вода во две рурални населби и тоа: Добровница и Луке, кои покажуваат дека водата на земените мостри на вода од јавните чешми во однос на физичко-хемиската анализа не одговара на законските прописи за здравствена безбедност на вода односно истата не е безбедна за пиење и користење.

Според лабараторискиот број 1349/2021 од 16.04.2021 година не е безбедна водата за пиење и користење од локалниот водоводот во село Добровница – центар на село и јавната чешма кај амбулантата заради зголемено присуство на калиум перманганат и според лабараторискиот број 1353/2021 од 16.04.2021 година не е безбедна водата за пиење и користење од локалниот водоводот во село Луке – центар на село и јавната чешма пред училиштето заради зголемено присуство на колиформни бактерии.

За да може истите да се користат потребно е да се изврши дезинфекција и кондиционирање на водата од надлежен орган.

Од тие причини се известува месното население – корисници на наведените локални водоводи и чешми во двете рурални населени места дека е забрането понатамошно користење на водата се до нормализирање на квалитетот на водата.

Воедно се известуваат режиските одбори и претседателите на Месните заедници на Добровница и Луке веднаш да го известат месното население за состојбата, како и да стапат во контакт со Јавното комунално претпријатие Комуналец со цел превземање мерки за подобрување на квалитетот на водата на наведените локални водовопди и водни објекти.

Големина на фонт
Контраст