Дневен ред на 48-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 48-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 08.02.2021 година (понеделник) во 12,00 часот.

Дневен ред:

Усвојување на записник од  47- та седница

  1. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот од пописната комисија за извршениот годишен попис на средствата со состојба на ден 31.12.2020 година;
  2. Предлог-Одлука за доделување на  финансиски средства  на Општина Струмица за потребите од настанат пожар  на граѓаните од ГТЦ Глобал  Струмица;
  3. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за еднакви можности на жените и мажите за 2020 година на Општина Крива Паланка;
  4. Предлог-Одлука за извештајот за реализирани активности по Програмата за активностите на Општина Крива Паланка  за поддршка на граѓанските здруженија во 2020 година;
  5. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализирани активности по Програмата за локален економски развој за 2020 година;
  6. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за образование и спорт за 2020 година;
  7. Предлог – Одлука за   усвојување на извештај  за реализирани активности по Програмата за социјална, детска и здраствена заштита  за 2020 година;
  8. Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за активностите на Општина Крива Паланка во областа на ИКТ во 2020 година;
  9. Предлог-Одлука за усвојување на извештај по Програмата за уредување на градежно земјиште  за 2020 година за Општина Крива Паланка;
  10. Предлог-Одлука за усвојување на извештај по Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавно осветлување за 2020 година за Општина Крива Паланка;
  11. Предлог- Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија  на подрачјето на Општина Крива Паланка  за 2021 година;
  12. Предлог-Одлука за давање во трајна сопственост на ПМВ на ЈП КОМУНАЛЕЦ Крива Паланка;
  13. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот по Програмата за решавање на проблемот со кучиња скитници на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2020 година;
  14. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот по Програмата за изработка на техничка документација –Основен сообраќаен проект за режимот на сообраќај на улиците во Општина Крива Паланка  и нивна реализација за 2020 година;
  15. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за превентивна дезинсекција и дератизација во Општина Крива Паланка за 2020 година;
  16. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за спроведување на Програмата за управување со отпад на Општина Крива Паланка за 2020 година;
  17. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови и локални урбанистички плански документации во Општина Крива паланка за 2020 година;
  18. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 2610 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
  19. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 3050 и к.п.бр.4600 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка ;
  20. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.1130/1 во КО Конопница, Општина Крива Паланка;
  21. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.2502 во КО Осиче, Општина Крива Паланка;
  22. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 95 и к.п.бр.94 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
  23. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.9324 во КО Градец, Општина Крива Паланка;
  24. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.2899 и к.п.бр.2920во КО Трново, Општина Крива Паланка;
  25. Предлог-Одлука за за ставање вон сила на Одлуката за воспоставување на граници за заштитените зони на извори „Калин Камен – Влашки колиби“ и определување на мерки за заштита бр.09-3260/13 од 13.11.2020 година на Советот на Општина Крива Паланка;
  26. Предлог-Одлука за за ставање вон сила на Одлуката за воспоставување на граници за заштитените зони на извори на Бунарскиот систем во Крива Паланка и определување на мерки за заштита бр.09-3260/15 од 13.11.2020 година на Советот на Општина Крива Паланка;
  27. Предлог- Програма за работа на Советот на Општина Крива Паланка за 2021 година.

                                                                             СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                                    Претседател,
                                                                                                        Изабела Павловска , с.р.

 

Големина на фонт
Контраст