Дневен ред на 46-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 46-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 30.12.2020 година (среда) во 9,00 часот.

                         – Новогодишно обраќање на Градоначалникот –

     Усвојување на записник од  45 -та седница

  1. Предлог – Одлука за усвојување на Буџетот на Општина Крива Паланка  за  2021 година;
  2. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Крива Палнака за 2021 година;
  3. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2021 година;
  4. Предлог – Буџетски календар за планирање на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2021 година;
  5. Предлог- Одлука за кофинансирање на проект Подобрување на туристичка инфраструктура за пристап до туристички локалитети во општина Крива Паланка;
  6. Предлог- Одлука за прифаќање на Барање од ООУ „Илинден“ Крива Паланка за асфалтирање на училишни дворови во подрачните училишта во с.Конопница и с.Мождивњак 1;
  7. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за  к.п.бр.7544 во КО Конопница, Општина Крива Паланка;
  8. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 1966 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
  9. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.264 во КО Варовиште, Општина Крива Паланка;
  10. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 4591 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
  11. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 1980/1во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка.

             СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                                    Претседател,
                                                                                                        Изабела Павловска , с.р.

 

Големина на фонт
Контраст