Дневен ред на 45-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 45-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 27.11.2020 година (петок ) во 10,00 часот.

Дневен ред:

Усвојување на записник од 43-та и 44–та  седница

  1. Предлог- Одлука за  усвојување на Програма за работа на ЛУ „Градски музеј“  Крива Паланка за 2021 година;
  2. Предлог – Програма за активности на Општина Крива Паланка во областа на образование за 2021 година;
  3. Предлог-Одлука за за распределба на сретств од блок дотација за 2021;
  4. Предлог – Програма за активности на Општина Крива Паланка во областа на развој на информатичка технологија за 2021  година;
  5. Предлог – Програма за активности на Општина Крива Паланка во областа на спорт за 2021 година;
  6. Предлог – Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата и културните манифестации за 2021 година;
  7. Предлог – Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на Локалниот економски развој за 2021 година;
  8. Предлог – Програма за социјална,детска и здравствена заштита во Општина Крива Паланка за 2021 година;
  9. Предлог – Програма  на Општина Крива Паланка од областа на соработка  со здруженија на граѓани и фондации за 2021 година ;
  10. Предлог-Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на еднаквите можности за 2021 година;
  11. Предлог-Одлука за усвојување на  Локален акциски план за родова рамноправност Општина Крива Паланка  2021-2023 ;
  12. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на локалната водоводна и канализациона мрежа во Општина Крива Паланка за 2021 година;
  13. Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Крива Паланка за 2021 година;
  14. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување и заштита на локалната патна мрежа во Општина Крива Паланка за 2021 година;
  15. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување во Општина Крива Паланка за 2021 година;
  16. Предлог – Програмата за јавна чистота во град Крива Паланка за 2021 година;
  17. Предлог- Програма за уредување и одржување  на градското  зеленило  во Крива Паланка за 2021 година ;
  18. Предлог –Програма за изработка на техничка документација -Основен сообраќаен проект за режимот на сообраќај на улиците во Општина Крива Паланка и нивна реализацијаза 2021;
  19. Предлог-Програма за управување со отпад на Општина Крива Паланка за 2021 година;
  20. Предлог – Програма за превентивна дезинсекција и деретизација во Општина Крива Паланка за 2021 година;
  21. Предлог- Програма за третирање на кучиња скитници на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2021 година;
  22. Предлог – Програма за  изработка на урбанистички планови и локални урбанистички плански документации во општина Крива Паланка за 2021 година;
  23. Предлог – Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на заштитата и спасување, противпожарна заштита и управување со кризи за 2021 година;
  24. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на 50% од надоместокот по основ на закуп на јавни површини и комунална такса за урбана опрема;
  25. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за  к.п.бр.5095/26 во КО Жидилово, Општина Крива Паланка;
  26. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.5098/3 во КО Жидилово, Општина Крива Паланка;
  27. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 176/4 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка.

   СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                                    Претседател,
                                                                                                        Изабела Павловска , с.р.

 

Големина на фонт
Контраст