Соопштение за граѓаните – предлози за годишните програми на Општина Крива Паланка

Се известуваат граѓаните на Општина Крива Паланка дека во тек е подготовката на Предлог – Програмите за работа на Општина Крива Паланка за 2021 година, кои ќе треба да бидат донесени на седница на Советот на Општина Крива Паланка која ќе се одржи кон крајот на месец ноември 2020 година.

Во изминатите години, како востановена пракса, пред усвојување на програмите, Општина Крива Паланка огранизираше буџетски и тематски форуми. Оваа година поради пандемијата од COVID-19, а во согласност со препораките и протоколите на Комисијата за здравство и Владата, не сме во состојба за спроведување на оваа постапка.

Од тие причини се повикуваат сите заинтересирани граѓани, граѓански организации, урбани и месни заедници, претставници на бизнис секторот и други, најдоцна до 13.11.2020 година во соодветна писмена или електронска форма на [email protected] да достават свои предлози, доколку сметаат дека истите се од приоритетно значење и треба да бидат интегрирани во годишните Програми за работа на Општина Крива Паланка за 2021 година.

Предлог – Програмите за 2021 година се работат врз основа на досегашните анализи на Општината, кои произлегуваат од согледувањата и досегашните годишни програми на Општината, но и од  од подготвената техничка и проектна документација, одобренија за градба и постоечка урбанистичка планска документација. Во таа насака се  напоменува дека доставените предлог активности би било пожелно да бидат усогласени со постоечките планови и документација.

Општина Крива Паланка

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст