Не е безбедна водата за пиење и користење во с. Дурачка Река (населен дел покрај патот до школото)

Според добиениот извештај од извршено тестирање на мостра на вода земена од локалниот водовод во руралната населба  Дурачка Река,  на локацијата – населен дел пред школото,  констатирано е дека водата од овој водовод не одговара  на законските  прописи за бактериолошка анализа односно водата  не е безбедна  за пиење и користење заради зголемен вкупен број на аеробни и колиформни бактерии и присуство на Escherichia coli – индикатор на фекално загадување на водата.

За да може истата да се користи потребно е да се изврши дезинфекција  и кондиционирање на водата и водоснабдителните објекти од страна на  надлежен орган.

Од тие причини се известува месното население – корисници на наведениот локален водовод дека е забрането понатамошно користење на водата  од овој локален маалски водовод се до нормализирање на квалитетот на водата.

Исто така се известува Месната заедница на Дурачка Река  и Режискиот одбор за наведениот водовод веднаш да стапат во контакт со јавното комунално претпријатие за превземање на мерки и регулирање на обврските за доведување на водата од наведениот водовод во здравствено безбедна состојба за користење.

Големина на фонт
Контраст