Барање за добивање Б – интегрирана еколошка дозвола од ГД Гранит АД

Врз основа на член 99 став (1) и член 122 став (4) од Законот за животната средина (“Службен весник на Република Македонија” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Градоначалникот на Општина Крива Паланка

ОБЈАВУВА
Барање за добивање Б – интегрирана еколошка дозвола

Врз основа на член 124 од Законот за животната средина (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18) до Градоначалникот на Општина Крива Паланка, доставено е барање за добивање Б – интегрирана еколошка дозвола (бр. УП 29 – 876/1 од 15.11.2019 година).

Подносител на барањето:
ГД Гранит АД, Скопје

Локација на инсталацијата:
Мождивњак, Крива Паланка

Контакт лице:
Марија Јанковска – одговорно лице за заштита на животната средина

Категорија на инсталацијата:
Прилог 2, точка 3. Индустрија на минерали, 3.3. Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за бетон поголема од 50 м3.

Барањето со целокупната документација ќе биде достапно  за увид во рок од 15 дена од денот на објавување на барањето во еден дневен весник, во просториите на Општина Крива Паланка (Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина) секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот, како и на интернет страницата на општината www.krivapalanka.gov.mk.

Заинтересираната јавност во рок од 30 дена од денот на објавување на барањето во дневен весник, има право да достави мислења и коментари во врска со барањето во писмена форма до Градоначалникот на Општина Крива Паланка, ул. „Св. Јоаким Осоговски“ бр. 175, Крива Паланка.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Борјанчо Мицевски

 

Објава на барање за добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола

Барање за добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола со поднесени документи

Дополнување на барање за добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола со дополнителни документи

Големина на фонт
Контраст