Известување за обележување на хоризонтална сигнализација

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 22.09.2020 г. од 5 до 18 часот ќе се врши обележување на хоризонтална сигнализација. За таа цел се замолуваат граѓаните да не ги паркираат своите возила во дадениот период на паркиралиштата кај Центарот за социјални работи, Осички мост, ул.Херој Карпош (кај Шанин мост) и ул.Илинденска (кај стар пазар).

Обележувањето на хоризонталната сигнализацијана е во согласност со Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај на улицата Св.Јоаким Осоговски.

Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст