Известување за обележување на хоризонтална сигнализација

Почитувани,
Ве информираме дека на ден 21.08.2020 г. од 21 часот ќе врши обележување на хоризонтална сигнализација на улицата Св.Јоаким Осоговски на потегот од станицата за технички преглед, влез во градот до мотел Македонија, излез од градот.

Се замолуваат сите граѓани кои своите возила ги имаат паркирано на обележаните паркиг места пред Општината, Центарот за култура, Центарот  за социјална работа, улица Гоце Делчев (житни магацин) и улица Херој Карпош (кај Шанин мост),  истите да ги отстранат до 20 часот за да можеме успешно да ја реализираме активноста.

Обележувањето на хоризонталната сигнализацијана е во согласност со Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај на улицата Св.Јоаким Осоговски.

Големина на фонт
Контраст