Дневен ред на 41-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 41-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 25.08.2020 година (вторник) во 14,00 часот.

 Дневен ред:

Усвојување на записник од 40-та седница

  1. Предлог- Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К1, К2 и К3 за II квартал за 2020 година;
  2. Предлог- Одлука за измена на распоредот на сретствата на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2020 година;
  3. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ООУ „Јоаким Крчовски“– Крива Паланка за 2019/2020 година;
  4. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка за 2020/2021 година;
  5. Предлог – Одлука за давање согласност на годишнио план за вработување за 2021  година на ООУ Јоаким Крчовски   Крива Паланка;
  6. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ООУ „Илинден “– Крива Паланка за 2019/2020 година;
  7. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ООУ „Илинден“ – Крива Паланка за 2020/2021 година;
  8. Предлог – Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување  за 2021  година на ООУ Илинден Крива Паланка;
  9. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ОУД „Боро Менков“– Крива Паланка за 2019/2020 година;
  10. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ОУД „Боро Менков“ – Крива Паланка за 2020/2021 година;
  11. Предлог – Одлука за давање согласност  на годишнио план за вработување  за 2021  година на  ОУД „Боро Менков“ – Крива Паланка
  12. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ОУЈДГ „Детелинка“ – Крива Паланка за 2019/2020 година;
  13. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ОУЈДГ „Детелинка“ – Крива Паланка за 2020/2021 година;
  14. Предлог – Одлука за давање согласност  на годишнио план за вработување  за 2021  година на   ОЈУДГ „Детелинка“ Крива Паланка;
  15. Предлог – Одлука за давање согласност  на годишнио план за вработување  за 2021  година на   ЛУ Градски Музеј  Крива Паланка;
  16. Предлог – Одлука за давање согласност  на годишнио план за вработување  за 2021  година на   СОУ Ѓорче Петров   Крива Паланка;
  17. Предлог-Одлука за давање согласност на барањето за формирање на паралелки со помал број на ученици за учебната 2020/2021 година за СОУ „Ѓорче Петров“;
  18. Предлог – Одлука за давање согласност  на годишнио план за вработување  за 2021  година на   ЈП Комуналец   Крива Паланка;
  19. Предлог – Одлука за давање согласност  на годишнио план за вработување  за 2021  година на Општина Крива Паланка;
  20. Предлог – Одлука за доделување на стипендии за ученици спортисти во индивидуални спортови и ученици спортисти во екипни спортови кои учат во основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година;
  21. Предлог-Правилник за условите, критериумите и правилата за доделување на стипендии за ученици  спортисти во индивидуални спортови и ученици спортисти во екипни спортови  кои учат во основните училишта  на подрачјето  на Општина Крива Паланка  и средните училишта од Република  Северна  Македонија;
  22. Предлог –Одлука за доделување  на стипендии  за подршка на млади таленти од Општина Крива Паланка;
  23. Предлог – Одлука за субвенционира превоз на студенти за студиската 2020/2021 кои студират на државните универзитети во Скопје, а се жители на Општина Крива Паланка;
  24. Предлог – Одлука за предавање на „Градба за терен за вежбање и испорака на справи за вежбање“ и „Градба на Мини голф терен и испорака на реквизити за голф“ на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;
  25. Предлог- Одлука за утврдување на референтна потрошувачка на електрична енергија за јавно осветлување и референтни услови за експлотација во Општина Крива Паланка;
  26. Предлог-Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на ЈПП за реконструкција на јавното осветлување во Општина Крива Паланка преку воведување мерки за енергетска ефикасност според ЕСКО Модел;
  27. Предлог-Одлука за Кофинансирање на проект „„Изработка на техничка документација за изградба и уредување на Спортско-рекреативен центар на туристички локалитет Калин Камен во општина Крива Паланка“;
  28. Предлог-Одлука за давање согласност за финансирање на Прорамата Општинско корисна работа 2020-2021 година, а во рамки на  на проектот  „Цело е кога има се“;
  29. Предлог –Одлука за давање согласност на Одлуката  за изменување и дополнување  на Статутот  на ЈП Комуналец-Крива Паланка бр.02-320/7 од 24.04.2020 година;
  30. Предлог –Одлука за давање согласност на Одлуката  за проширување на дејноста  на ЈП Комуналец  Крива Паланка и основање на Подружница;
  31. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување  на цените на комуналните услуги на ЈП Комуналец  Крива Паланка;
  32. Предлог-Одлука за давање согласност  на Одлуката за определување на надомест за вршење на услуги со товарни моторни возила и градежни машини;
  33. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување  на цените  за користење на спортски објекти;
  34. Предлог – Одлука  за усвојување на основен сообраќаен проект за поставување на заштитни столбчиња за разделување на пешачкиот од моторниот сообраќај на дел од ул.Св.Јоаким Осоговски  Крива Паланка;
  35. Предлог- Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.17/1 во КО Мождивњак, Општина Крива Паланка;

 

                                                                                                        СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
               Претседател,
           Изабела Павловска ,с.р

 

 

Големина на фонт
Контраст