Соопштение во врска со организирање на јавна анкета и  јавна презентација на предлог детален урбанистички план за блок 1-Д

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) градоначалникот на општината Крива Паланка го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Во врска со организирање на јавна анкета и  јавна презентација на предлог детален урбанистички план за блок 1-Д во општината Крива Паланка, Ве известуваме дека Јавната презентација за ДУП за блок 1-Д во Крива Паланка закажана на ден  03.07.2020 година со почеток во 12,оо часот во големата сала на општината Крива Паланка, нема да се одржи поради настанатата ситуација со Ковид 19 и неможноста за присуство на планерите.

Јавната анкета продолжува да трае во предвидениот рок, односно пополнети анкетни листови може да доставите до 08.07.2020 година во архива на Општина Крива Паланка.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                   Градоначалник
                                                                                               Борјанчо Мицевски

Големина на фонт
Контраст