Соопштение-услови за добивање на места на кои може да се истакнуваат изборни плакати

СООПШТЕНИЕ

Согласно со т.2 од „Условите за добивање на места на кои може да се истакнуваат изборни плакати“ бр.08-1040/1 од 28.03.2019 година, се известуваат подносителите на листи дека ждрепката за редоследот на местата ќе биде спроведена на ден 25.06.2020 година (четврток) во 13.оо часот.

Се повикуваат заинтересираните подносители на листи да достават барање и соодветно овластување (полномоштво) за учесниците во жребувањето до архивата на општина Крива Паланка, најдоцна до 14.оо часот на 24.06.2020 година (среда).

Ждребувањето ќе биде спроведено од страна на Комисија од вработени лица во просториите на Општина Крива Паланка и за истото ќе биде изготвен соодветен записник потпишан од членовите на Комисијата и овластените претставници.

Известувањето ќе биде објавено на Веб страната на општина Крива Паланка.

 

 

 ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Борјанчо Мицевски

Големина на фонт
Контраст