Известување за граѓаните – авионско прскање против комарци

Општина Крива Паланка ја информира јавноста дека авионското прскање за заштита од комарци закажано за ден 18.06.2020 година (четврток) Е ОДЛОЖЕНО поради неповолните временски услови.

Доколку временските услови се поволни прскањето ќе се спроведе на 19.06.2020 (петок) во раните утрински часови од 05.00 часот до 08.00.

Се известуваат пчеларите во времето на прскање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средствата со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Борјанчо Мицевски

 

Големина на фонт
Контраст