Известување за градежни активности за изградба и реконструкција на тротоари

Се известуваат граѓаните дека во тек се градежни активности за реализација проектот  „Изградба и реконструкција на тротоари во град Крива Паланка“ на улица „Св.Јоаким Осоговски“  и тоа на потегот од клучката на влезот во градот, кај Станица за технички преглед,  до кривината кај Јакомо (кај огледалото) по десната страна од улицата.

Поради изведување на градежни работи на тротоарот повремено ќе се зафаќа и дел од коловозната површина што ќе биде соодветно обележано и регулирано од страна на Изведувачот. Според договорот е предвидено работите да траат околу 3 месеци.

Се молат граѓаните да имаат разбирање за горенаведеното, да возат внимателно на посочениот дел од улицата,  да ги почитуваат времено поставените знаци и регулирањето на сообраќајот од страна на Изведувачот на работите и сообраќајната полиција.

 

Големина на фонт
Контраст