ИЗВЕСТУВАЊЕ за обележување на хоризонтална сигнализација

За зголемување на прегледноста на улиците и подобрување на безбедноста во сообраќајот што е приоритет во работата на локална самоуправа, а согласно со Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај на улицата Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка, Општината ќе врши обележување на хоризонтална сигнализација во период од 12.05. 2020 г. до 15.05 2020 г. на улицата Св. Јоаким Осоговски на потегот од станицата за технички преглед влез во градот до мотел Македонија излез од градот.

Големина на фонт
Контраст