Известување за градежни активности на патниот правец кон с.Огут (Осиче-Габар)

Почитувани,

Ве информираме дека од денес започнуваат градежните активности за рехабилитација на патниот правец R2245 Крива Паланка кон с.Огут (Осиче-Габар). За таа цел патниот правец во следниот период ќе биде затворен или со контролиран проток на моторни возила за жителите кои гравитираат кон селата Осиче, Градец, Габар, Метежево, Огут и Нерав.

Изведувач на работите ќе биде ЈП Македонија пат, а средствата во висина од 350.000 евра се обезбедени од ЈП Државни патишта.

Големина на фонт
Контраст