Известување од Општинскиот кризен штаб во врска со новите мерки за забрана за движење

Почитувани сограѓани на Крива Паланка,

Во однос на новата забрана и ограничување за движење во тек на работни денови и за време на викенд, што ја донесе Владата на својата Триесет и шеста седница, а стапува во сила од среда 08.04.2020 година, Ве известуваме за следното:

🟢  Сите деловни субјекти кои имаат можност само за on-line продажба и дистрибуција на продукти, неопходно е да се пријават за работа во викендите во кои важи строга забрана за движење. Пријавата на деловниот субјект да биде проследена на меморандум со основните податоци на правниот субјект, како и листа со име и презиме на лицата ангажирани за оваа намена, заверена со печат и потпис на одговорното лице. Пријавите на соодветен начин ќе бидат евидентирани во ОВР Крива Паланка за работа во време на забрана за движење (полициски час), и со тоа ќе се стекнат со дозвола за вршење on-line продажба и дистрибуција на храна и други неопходни продукти. Краен рок за поднесување на пријавите до Општинскиот кризен штаб за Крива Паланка е четврток 09.04.2020г. до 12.00h, на факс 031/375-035 или e-mail: [email protected].

🟣  Нарачките за достава на храна, медикаменти и останати неопходни средства за старите и изнемоштени лица, лица во изолација, болни, лица со посебни потреби и останати социјално загрозени категории, за време на забраната за движење за викенд, но и во останатите денови, до колку е неопходно, ќе се одвиваат на телефонскиот број 078 30 30 60 во ОО Црвен Крст.

🟢  Регистрираните земјоделци од општина Крива Паланка што имаат работни обврски на своите земјоделски површини, а кои се наоѓаат во атарот на селото во кое што живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење. Земјоделците, чии што земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото во кое живеат, задолжително треба да извадат дозвола за движење со претходно воспоставениот принцип и во термините кои се дозволени, преку Подрачните единици на МЗШВ.

🟣  Потребно е доследно и одговорно да се почитуваат сите заклучоци, мерки и препораки на Владата на Република Северна Македонија, кои што се претходно донесени, со што ќе се превенира и редуцира ризикот од ескалирање на епидемијата на територијата на Општина Крива Паланка, а со тоа и опасноста за рапидно зголемување на бројот на заразени лица од болеста COVID-19 (корона вирус).

 

 

                                                                                          

 

 

ОПШТИНСКИ КРИЗЕН ШТАБ
КРИВА ПАЛАНКА

 

 

Големина на фонт
Контраст