Барање за помош во донација на прехрамбени и хигиенски продукти – хуманост и солидарност на дело

Почитувани претставници на бизнис секторот,

Почитувани сограѓани,

Во услови кога целиот свет се соочува со предизвикот за надминување на состојбата со пандемијата од COVID-19, ниту Крива Паланка не остана имуна на глобалните предизвици. Во една таква состојба институциите ги превземаат сите неопходни превентивни мерки за спречување на последиците и на локално ниво. За жал во една таква состојба најранливи се социјално загрозените и изолирани семејства кои од ден на ден ќе ги има се повеќе и повеќе.  Многу осамени, болни лица и лица во задолжителна изолација, изнемоштени и стари лица, лица со посебни потреби и самохрани родители ја имаат неопходната потреба од наша помош и поддршка во овие тешки и неизвесни моменти за целото општество. Тие како никогаш до сега ја имаат потребата од обезбедување на основни намирници и средства за хигиена.

Oпштинскиот штаб за заштита и спасување веќе превзема низа на мерки во соработка со надлежните институции на локално ниво, но очигледно по сите проценки и текот на настаните кои ќе одат во нагорна линија, од сите нас се бараат поголема лична и колективна посветеност и општествена одговорност.

Од тие причини, се обраќама и до Вас, со надеж дека во рамките на своите можности, заеднички и сплотено ќе ја покажеме нашата солидарност и хуманост и ќе донираме прехрамбени и хигиенски производи за потребите на најранливите категории на нашата Крива Паланка.

Секоја донација во храна или хигиенски средства можете да ја доставите во Општина Крива Паланка секој работен ден до 12.00 часот со претходна најава на телефонските броеви 031/375-035 или 070/303-060.

Општинскиот кризен штаб во соработка со ОО Црвен крст Крива Паланка и волонтерските тимови ќе ја достават оваа помош до оние на кои таа им е најпотребна во моментот. Од нивно, но и од наше име однапред Ви благодариме за разбирањето и сензитивноста на овие мигови.

ДА ЈА ПОКАЖЕМЕ НАШАТА ХУМАНОСТ И СОЛИДАРНОСТ НА ДЕЛО!

ДА ПОМОГНЕМЕ КОГА ТОА Е НАЈПОТРЕБНО И НАЈНЕОПХОДНО!

СТОП ЗА СТИГМАТИЗАЦИЈАТА !  ЧОВЕЧНОСТА Е НА ТЕСТ!

                                                                                          Со почит,

                                                             Општински штаб за заштита и спасување
Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст