Известување за работата на градскиот зелен пазар

Почитувани,

Во врска со работата на  градскиот пазар во сабота на 04 април 2020 г., а  во насока на запазувањето на мерките за заштита од вирусот Ковид-19 на Министерството за здравство и на Општинскиот кризен штаб, ЈП Комуналец информира дека на пазарот ќе се продаваат само земјоделски производи  од регионот Крива Паланка и Ранковце.

ЈП Комуналец апелира до останатите продавачи кои доаѓаат од други градови и оние кои продаваат друг тип на производи, додека трае здравствената криза, а во насока на намалување на ризикот,  да се воздржат од продажба на своите производи со оглед на намалениот капацитет на пазарот каде согласно препораките дадено е инструкции самите тезги да бидат одалачени една од друга во однос на стандардната поставеност.

Продажбата на производите ќе се врши исклучиво во затворениот дел на градскиот пазар.

ЈП Комуналец ќе преземе мерки за заштита со поставување на дезинфекциони средства на самите влезови на пазарот како и на внатрешниот дел додека продавачите сами за себе ќе треба да си обезбедат заштитна маска и ракавици.

Со цел да се растерети бројката на присутни на пазарот во еден момент,  аплерираме во утринските часови, до 11 часот кога започнува полицискиот час за лицата над 67 години, пазарот да го посетуваат повозрасните лица, додека после 11 часот останатите граѓани и на тој начин да го намалиме ризикот.

Ги замолуваме и граѓаните да не се собираат во групи и строго да се придружуваат согласно препораките на надлежните институции.

ЈП Комуналец Крива Паланка

 

Големина на фонт
Контраст