Не е безбедна водата за пиење и користење од два локални водоводи и една јавна чешма

До Општина Крива Паланка од страна на  Агенцијата  за храна и ветеринарство – Подрачна единица Крива Паланка  се пристигнати  Извештаи  од спроведено тестирање и анализа на вода во три рурални населби и тоа:  Добровница, Подржи Коњ и Дурачка Река,  кои  покажуваат дека водата на земените мостри на вода  во деновите  09 и 12 март  2020 година  од овие води во однос на физичко -хемиската анализа не одговара на законските прописи за здравствена безбедност на вода односно истата  не е безбедна за пиење и користење.

Според лабараторискиот број 941/2020  од 13.03.2020 година не е безбедна водата  во село Дурачка Река  од така наречената  Стојанчева чешма заради зголемен вкупен број на колиформни бактерии и присуство на Escherichia coli – индикатор на фекално загадување на водата.

Според лабараторискиот број 1015/2020 од 16.03.2020 година не е безбедна водата во село Подржи Коњ,  водовод за куќи спроти школото заради зголемена матност. 

Според лабараторискиот број 1014/2020  од 16.03.2020 година не е безбедна водата  во село  Добровница – центар на село кај амбулантата   заради зголемено присуство на калиум перманганат. 

За да може истата да се користи потребно е да се изврши дезинфекција  и кондиционирање на водата од надлежен орган. 

Од тие причини се известува месното население – корисници на наведените  локални водоводи и чешми  дека  е забрането понатамошно користење на водата се до нормализирање на квалитетот на водата.

Воедно се известуваат режиските одбори и претседателите  на Месните заедници на Добровница, Подржи Коњ и  Дурачка Река  веднаш да го известат месното население за состојбата, како и да стапат во  контакт со Јавното комунално претпријатие Комуналец  со цел превземање мерки  за  подобрување на квалитетот на водата на наведените водоснабдителни системи и објекти.

Големина на фонт
Контраст