Препораки од одржаниот состанок на Општина Крива Паланка и Центарот за управување со кризи

По одржаниот состанок на Општина Крива Паланка и Центарот за управување со кризи се дадени дополнителни, нови препораки  во врска со преземање на мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

  1. МВР преку своите служби на граничните премини, преку СВР и ОВР и останатите служби на локално ниво, тековно да доставува список на повратници од странство кои се со постојано место на живеење во Општина Крива Паланка.
  2. Ако има неопходна потреба од верски обреди, тие да се сведат со присуство на минимален број луѓе и истите да се изведуваат задолжително во Градска капела – Крива Паланка.
  3. Од страна на Пазарниот инспектор да се зајакне контролата на трговските објекти долж патниот правец кон ГП Деве Баир и да се отстраната сите маси и чадори кои се во функција за послужување алхохолни и безалкохолни пијалоци.
  4. Бензинските пумпи да ги изнесат автоматите за послуга на кафе пред објектите и да го контролираат бројот на влез на лица во и од самите објекти заради нивна и сигурност на странките.
  5. Мензите кои се користат во производствените погони ако е можно да се стават вон употреба, а на вработените да им се дели сув оброк или да се регулира поделбата на храна во истите.
  6. Сите производствени погони во делот на конфекциска, кожарска и текстилна индустрија да го организираат седењето на вработените во тек на самиот процес на растојание од 2м и повеќе.
  7. Сопствениците на големи маркети, продавници и аптеки да го организираат протокот на лица кои купуваат  производи во еден ист момент при влез и излез од самите објекти.
  8. ЈКП Комуналец да набави дополнителни средства за дезинфекција и да продолжи со третманот на јавни површини, јавни тоалети и контејнери за смет.
  9. Секој граѓанин до колку забележи дека некои повратници од странство не ја почитуваат забраната за 14 дневна изолација во домашни услови веднаш да пријават на телефонскиот број 192 во МВР.
  10. Апелираме сите граѓани над 60 годишна возраст, самечки домаќинства и стари и изнемоштени лица да ги користат услугите за набавка на храна, хигиенски продукти и лекови на волонтерските тимови на Црвен Крст и Општина Крива Паланка со повикување на телефонските броеви 078 30 30 60 или 031 37 50 35.
  11. Апелираме домаќинствата да не создаваат залихи на прехрамбени продукти, лекови и хигиенски производи, бидејќи за такво нешто нема потроба и целата состојба во Крива Паланка е под целосна контрола.
Големина на фонт
Контраст