Општина Крива Паланка и OO Црвен крст од Крива Паланка формираа мобилен тим за помош на стари лица

Општина Крива Паланка во соработка со Општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка формираа мобилен тим за поддршка на болни и изнемоштени граѓани.

Поради новонастаната ситуација, а со цел да не остваруваат непосреден контакт со останати лица и да се изложуваат на дополнителна опасност, сите возрасни лица над 60 години кои се изнемоштени и имаат влошена здравствена состојба, можат да се обратат на телефонските броеви  078 30 30 60 и 031 375 035, во периодот од 08.00 до 15.00 часот.

Мобилниот тим, почитувајќи ги сите мерки на претпазливост наложени од Владата, ќе дојде до нивниот дом, ќе им ја пружи потребната помош и поддршка, а дополнително и ќе им бидат обезбедени потребните прехранбени намирници, средства за хигиена и потребни лекови, а за кои самите граѓани ќе си ги покријат трошоците.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките и законските одредби на Владата на Република Северна Македонија, како и препораките дадени од Општината, да се однесувааат одговорно кон своето здравје и кон здравјето на сите во заедницата.

Големина на фонт
Контраст