Соопштение во врска со манифестацијата „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон“

Се известуваат граѓаните на Општина Крива Паланка, дека, согласно насоките и укажувањата на Владата на Република Северна Македонија и Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, а во врска со мерките и чекорите кои се однесуваат на превенцијата на ширење на коронавирусот, сите активности во рамките на 11-та традиционална културна манифестација „НЕВЕСТИНСКО ПОКЛОНЕНИЕ НА СВЕТИ ТЕОДОР – ТИРОН 2020“, предвидена за 08.03.2020 година (недела), а кои предвидуваат и се поврзани со масовно собирање на граѓаните на мал отворен или затворен простор, треба да бидат откажани.

Општина Крива Паланка апелира до Месната заедница Конопница и Организациониот одбор на 11-та традиционална културна манифестација „НЕВЕСТИНСКО ПОКЛОНЕНИЕ НА СВЕТИ ТЕОДОР – ТИРОН 2020“ да ги откаже и да се воздржи од организација и реализација на активностите кои предвидуваат масовни собири на мал отворен или затворен простор, заради доследно почитување на препораките и укажувањата дадени од Владата.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Борјанчо Мицевски

Големина на фонт
Контраст