ПОКАНА за јавна дебата за План за управување со животната средина и социјални аспекти на проектот „Крива Паланка – Источна порта кон Европа (Фестивалска туристичка атракција)”

Почитувани,

На 12.02.2020 (среда) во 11:00 ч. во Салата на Советот при Општина Крива Паланка ќе се оддржи Јавна дебата во врска со План за управување со животната средина и социјални аспекти на проектот, изработен за потребите на проектот „Крива Паланка – Источна порта кон Европа (Фестивалска туристичка атракција)”.Проектот се однесува на реконструкција на постоечкиот централен градски плоштад, што Општина Крива Паланка ќе го имплементира во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), финансиран со грант од Инструмент за претпристапна помош II на ЕУ (ИПА II) и ко-финансиран од Владата на Република Северна Македонија, администриран од страна на Светска Банка, преку доверителски фонд (Доверителски фонд за локална и регионална конкурентност во туризмот).

За таа цел, Општина Крива Паланка повикува на активно учество на граѓаните со сопствен придонес за поуспешен процес на имплементација на проектот, во однос на социјалните и аспектите на животна средина.

Ве очекуваме !

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Борјанчо Мицевски

 

Големина на фонт
Контраст