Известување – водата од локалниот водовод во с.Дурачка Река (населба кај школо) не е безбедна за пиење и користење

До Општината Крива Паланка   е доставен Извештај за  анализа  на вода   бр.320/20  од 04.05.2020 година од страна на  Агенцијата  за храна и ветеринарство – Подрачна единица Крива Паланка, а   изготвен  од  ЈЗУ Центар за јавно здравје  Куманово,  кој покажува  дека водата на земените мостри на ден 30 јануари 2020 година  од  водоводот во с. Дурачка Река  населба кај школо, во однос на физичко -хемиската анализа не одговара на законските прописи за здравствена безбедност на вода односно   истата  не е безбедна за пиење и користење поради зголемена матност.

За да може истата да се користи потребно е да се изврши дезинфекција  и кондиционирање на водата од надлежен орган.

Од тие причини се известува месното население – корисници на овој водовод дека  е забрането понатамошно користење на водата се до нормализирање на квалитетот на водата. Воедно се известува  режискиот одбор и Месната заедница  на с.Дурачка Река  веднаш да стапат  во  контакт со Јавното комунално претпријатие Комуналец  за справување со состојбата и подобрување на квалитетот на водата од наведениот водовод.

Големина на фонт
Контраст