Дебата на тема „Граѓанското учество во позитивни сообраќајни практики и култура на однесување“

Општина Крива Паланка, НВО Инфоцентар  од Скопје и Норгес Вел од Крива Паланка  Ве покануваат на ДЕБАТА  на ТЕМА „Граѓанското учество во позитивни сообраќајни практики и култура на однесување“  на 19 ноември (вторник)  во 10  часот во големата сала на Општина Крива Паланка.

Дебатата  е во функција  на развојот на сообраќајната култура и подигање на свеста на сите инволвирани учесници во сообраќајот во општината.

На дебатата е предвидено учество на претставници од општината  во чија надлежност е безбедноста  во сообраќајот, претставници од МВР ПСОН-ЈРМ и превенција, претставници од СОУ ,,Ѓорче Петров“, ООУ „Јоаким Крчоски“,  ООУ „Илинден“  како и претставници од Советот на родители.

Целта на дебатата е да се даде поголемо значење на подигање на свеста на сите учесници во сообраќајот, како и изнаоѓање модули за подобрување на сообраќајната култура во нашиот град преку сите инволвирани страни и учесници во сообраќајот.

Ги покануваме   сите заинтересирани граѓани да земат учество во дебатата  и со свои предлози и сугестии  да придонесат за развој на сообраќајната култура, а со тоа и за  поголема  безбедност на сите  учесници во сообраќајот,  вклучително и пешаците.

 

Големина на фонт
Контраст