Известување за „Проектен форум во заедницата“

 И З В Е С Т У В А Њ Е

 Граѓаните одлучуваат

„ПРОЕКТЕН  ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА“

Форумска сесија 29.10.2019 г. (вторник) во 11.30 часот

локација- голема сала на Општина Крива Паланка 

Почитувани  граѓани,

Општина Крива Паланка  има чест и задоволство да ве покани на форумската сесија, која ќе се одржи на 29.10.2019 година, во 11.30 часот во големата сала на Општина Крива Паланка.

Проектниот форум се реализира од страна на Општина Крива Паланка, во соработка со граѓанските организации НВО Инфоцентар и Спектар, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од Mеѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.

Општина Крива Паланка  активно го вклучува форумот како алатка за партиципативно вклучување на граѓаните  во процесите на одлучување на локално  ниво, со цел да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

Форумската сесија се организира како одговор на целите на проектот „Градење на општинските капацитети за спроведување на проекти“,  согласно критериумите на отворениот јавен повик   „ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ОД НАЦИОНАЛНИТЕ  И МЕЃУНАРОДНИТЕ  РАЗВОЈНИ ФОНДОВИ“

-ФОНД ЗА  ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА- финансиски подржан и спроведуван од Шведската агенција за развој и соработка (СИДА )и  УНДП.

Форумскиот процес е отворен за сите заинтерсирани граѓани на  општина  Крива Паланка.

Граѓание на  општината  ќе имаат можност во рамките на трите теми согласно јавниот повик (1.Комунална, транспортна и бизнис инфраструктура; 2.Социјална инфраструктура; 3.Инфраструктура поврзана со животната средина, климатските промени и водата) да ги елаборираат проблемите со кои се соочуваат, да изнаоѓаат решенија и да дефинираат проекти согласно дадените решенија, како и да ги изберат приоритетите односно најприоритетниот проект според нив со кој  општината ќе се аплицира на јавниот повик. 

Почитувани граѓани имате можност директно да влијаете на подобрување на социоекономската состојба во општината а со тоа  самите  да влијаете на подобрување на сопствениот живот.

За сите дополнителни информации во врска со форумската сесија  лице за контакт е Лидија Митовска, [email protected].

Ве очекуваме!

 

                                                                                            Општина Крива Паланка   
                                                                                                  Градоначалник
                                                                                               Борјанчо Митовски

 

 

 

Големина на фонт
Контраст